Ахмети не му кажува на Ковачевски за целите на новата средба кај албанскиот премиер Рама

Премиерот Димитар Ковачевски не успеал да дознае зошто албанскиот премиер Еди Рама во вторник ги поканил во Тирана на заедничка средба лидерите на сите партии на Албанците во Македонија, пишуваат во неделата медиумите на албански јазик.

Соиред изворите во албанскиот политички кампус, Ковачевски и високи функционери на неговата СДСМ во петокот и саботата се обидувале дознаат што е темата на средбата на којашто Рама ги покани само албанските политички лидери, но не и
македонскиот премиер кој изминаите седум години има голема поддршка и од гласачите Албанци и од албанските политички партии.

Одговор немал и министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој официјално одржува секојдневни контакти со официјална Тирана и владата на Едо Рама.

Ниту раководството на социјалдемократите на добиле одговор за што ќе се зборува во Тирана, затоа што наводно и во ДУИ не знаат точно што е на агендата на средбата во вторник.

Според порталот Експрес, Ковачевски добил уверување дека во Тирана нема да се зборува за федерализација туку за правата на Албанците во Македонија и иднината на земјата. Од ДУИ и од уште една партија од албанскиот политички блок му било речено дека Ковачевски не е повикан во Тирана затоа што Албанците веќе не гласеле за СДСМ и затоа немало потреба да биде викнат на сеалбанска средба.

Од СДСМ, како и во текот на првата ваква средба којашто ја изнедри ткн Тиранска платформа нема официјална реакција за мешањето на официјална Тирана и албанскио премиер Рама во внатрешни политички работи на Македонија.

Нова тиранска платформа е на повидок, со тоа што премиерот на Албанија Еди Рама ги повикува на состанок лидерите на албанските партии во Македонија на состанок, по информациите дека ДУИ има можност да остане надвор од владата.

Покана за средбата добиле лидерот на ДУИ, Али Ахмети, претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, првиот човек на Беса, Билал Касами, претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, како и лидерот на Демократската партија на Албанците (ДПА), Мендух Тачи.

Воедно за ваквиот расплет на настаните најсилна потпора на Ахмети останува премиерот Димитар Ковачевски кој не дозволува избори штитејќи ги теснопартиските лукративни интереси на неговиот СДСМ и на ДУИ.

Претходно во саботата порталот на албански јазик Almakos објави дека на тркалезната маса организирана од Рама во Тирана ќе се разговара за политичката случувања во земјата, за скандалите во Македонија, за струењата во партиите и за други прашања на Балканот.

Тиранската платформа, со којашто всушност се бараа уставни примени во уставот на Македонија со цел суверенитетот да го делат Македонците и Албанците, беше условот со кој во 2017 година албанските партии му дадоа поддршка на тогашниот лидер СДСМ, Зоран Заев, иако не победи на парламентарните избори да го добие мандатот за составување влада.

Десните партии и движења, вклучително и победничката ВМРО-ДПМНЕ, тогаш предупредија на големите отстапки кои Заев ги прифатил и во внатрешните и во надворешните политики на штета на македонските национални интереси.