Политичките случувања во земјата, пандемијата, локалните избори и пописот на населението биле теми за кои денеска разговарале претседателот на ДУИ Али Ахмети и амбасадорката на Обединетото Кралство во Македонија, Рејчел Галовеј, информира ДУИ.
– Ахмети и британската амбасадорка во Скопје разговараа и за отвореното прашање со Бугарија како пречка за интеграцискиот пат на земјата. Договорот за добрососедство е основа за надминување на неразумниот и наметнат спор – велат од партијата.
Ахмети и Галовеј размениле мислења и за актуелните политички случувања во земјата, дијалогот меѓу власта и опозицијата, но и за справувањето со пандемијата.
– Односите во коалицијата се стабилни и владината програма се спроведува, додека со опозициските партии веќе е воспоставено дијалог и се обидуваме да ги вклучиме во процесот – велат од ДУИ.
На средбата се дискутирало и за пописот на населението кој продолжува до се спроведува до крајот на септември а, во кој случај е обезбедена и поддршката и учеството на опозицијата. Ахмети апелирал до дијаспора да продолжат да се регистрираат онлајн.
Станало збор и за локалните избори кои се очекува да се оддржат некаде кон крајот на годинава. Ахмети ги спомнал и подготовките што се прават со цел да се завршат тековните проекти и да се изготви конкурентна понуда за секоја општина. Лидерот на ДУИ ветил дека реформите што се во корист на граѓаните и на држава ќе продолжат и тоа во координација со Европската Унија.
– Амбасадорката Галовеј истакна дека Обединетото Кралство ќе продолжи да ја поддржува Република Северна Македонија со цел да ги спроведе сите потребни реформи и со тоа да ја постигне својата стратешка цел и да стане дел од Европската Унија.