
Предлог-законот за јавно обвинителство е единствената верзија за која се договоривме вчера во владата и ниту една друга варијанта нема да биде прифатена од страна на ДУИ, изјави партискиот лидер Али Ахмети.
– Јас го знам законот што е усогласен синоќа, а не законот што е променет со различни волји на другите луѓе и немам идеја што е променето. Пред средбата бев информирам дека законот што го усогласивме вчера, не е во таа форма доставен во Собранието и не ги знам промените кои ги имаат направено – изјави Ахмети.