Ахмети: Прво што направи Заев кога се видовме – се извини за навредите кон Албанците

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети на вечерашното гостување во емисијата „Клик плус“  која се емитува на ТВ 21 рече дека прва работа што ја направил Заев на состанокот на денот кога се конституираше Собранието е тоа што побара извинување за навредите кон Албанците.

„Сум кажал и тогаш а кажувам и сега, дека тоа беше една навреда за Албанците, но господинот Заев на првиот состанок кој го имавмена денот кога се конституираше Собранието на 2 август, првата работа која ја направи беше тоа што побара извинување за тоа што се случило“, рече Ахмети.