Анализите направени на брисевите земени од инспекторите од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) покажале дека нема присуство на бактерии во кујните на основните училишта „Кочо Рацин“ и Св. Кирил и Методиј“ во Центар, информираат од Агенцијата.
„Од страна на инспекторите за храна констатирано е дека со резултатите од земените брисеви во повторниот контролен преглед на објектите не се најдени бактерии, односно од страна на одговорните лица во посочените објекти се преземени сите потребни активности во рамки на интерните контроли на училишните кујни, за надминување на пропустите кои се констатирани од страна на ЈЗУ Центар за јавно здравје- Скопје“, се вели во информацијата од АХВ.
При извршената контрола од страна на инспекторите за храна, констатирано е и дека во кујните на овие основни училишта од Општина Центар веќе е извршено чистење и дезинфицирање на површините.