Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) информира дека во Република Македонија нема увоз на конзумни јајца од Холандија за кои Европската комисија предупреди дека дел од количините пласирани во неколку европски земји се загадени со инсектициди.
Единствен увоз на овој производ во Република Македонија е од соседна Република Србија од каде во првите 6 месеци од 2017 година биле увезени вкупно 162.560 килограми конзумни јајца, а во 2016 година биле увезени 509.402 килограми конзумни јајца.
Домашното производство на јајца како и увозот на конзумни јајца во Република Македонија се под постојана конторла на официјални ветеринари од Агенцијата за храна и ветеринарство. Од досега извршените контроли и реализацијата на Националната мониторинг програма не се евидентирани отстапувања во поглед на безбедноста ниту во домашното производтсво, ниту пак во количините кои се увезени во Република Македонија.