![Airbnb](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/01/Airbnb.jpg?resize=696%2C394&ssl=1)
Компанијата Airbnb и другите слични кои се занимаваат со краткорочно изнајмување станови, ќе мора да им доставуваат на националните власти податоци за бројот на корисници на нивните услуги и колку ноќевања престојуваат во сместување под кирија, според нацрт-правилата на Европската комисија, пренесува Ројтерс, повикувајќи се на извори запознаени со планот.
Податоците ќе се чуваат на дигитална станица со еден влез достапна за сите јавни тела, рече еден од интервјуираните на Ројтерс.
Предлогот, што ќе го објави извршната власт на ЕУ следната недела, е дел од напорите за справување со различните национални закони во блокот од 27 земји кои го регулираат бизнисот на Airbnb и на други компании кои издаваат станови на туристи.