Турскиот врховен суд го одби барањето познатата Аја Софија во Истанбул, која моментно е музеј, повторно да се претвори во џамија, пренесува агенцијата „Анадолија“.
Наведено е дека барањето на една религиска организација е одбиено со образложение дека го поднело здружение, а не поединец.
Некогашната византиска црква била претворена во џамија по освојувањето на Царииград во 1452 од страна на Отоманската империја, а Кемал Ататурк во 1935 година ја претворил во музеј кој со години привлекува милиони туристи од светот.
Сепак, до Владата на Реџеп Таип Ердоган пристигнуваат сè повеќе барања Аја Софија да се претвори во џамија. Ердоган во март се молеше во Аја Софија.