Ајкула уби чешки турист во водите околу египетско летувалиште во Црвеното Море, објавија денеска локалните власти.
Инцидентот се случи во четвртокот, 20 километри северно од Марси Алам, популарно место за нуркање каде што има и ајкули, рече Атеф Вагди.
Медиумите претходно објавија дека делови од телото биле пронајдени на плажата во Марси Алам.
Чешката амбасада во Египет и египетското Министерство за здравство работат на враќање на телото на семејството, додаде Вагди.
Нападите на морски кучиња се ретки во Црвеното Море. Во 2015 година во напад на ајкула настрада германска туристка приближно во истиот дел од Црвеното Море. Претходно во 2010 година настрада исто така Германка, а уште четворица беа повредени кај Шарм ел-Шеик, најпопуларното египетско летувалиште.