Aкадемикот Љупчо Коцарев е автор на Резолуцијата за црвените линии со Бугарија

Aкадемикот Љупчо Коцарев е автор на Резолуцијата која вчера ја усвои македонското Собрание со која се определуваат црвените линии на Македонија во преговорите со Бугарија, а која ја поддржаа и власта и опозицијата, откри денеска претседателот Стево Пендаровски. 

Резолуцијата беше поднесена од ВМРО-ДПМНЕ, а беше усвоена со 95 гласа „за“, ниту еден „против“ и еден „воздржан“.

Пендаровски смета дека нема ништо спорно во резолуцијата, дека се согласува со неа и дека и досега во преговорите со Бугарија се држеле до начелата што се наведени во оваа резолуција. Пендаровски вели дека Резолуцијата ја дефинира нашата позиција и не е воопшто навредлива, каква што е Резолуцијата на бугарскиот Парламент.

Тој очекува до 15 август да се формира влада во соседна Бугарија и дека дотогаш не треба да има преговори.