Акциите на американските високотехнолошки компании паднаа за 17 отсто

Американскиот технолошки Nasdaq Composite индекс падна за повеќе од 3 отсто, додека акциите на одделни компании од неговиот состав паднаа за 17 отсто и повеќе при тргувањето во понеделникот, бидејќи силно порасна популарноста на кинеската апликација DeepSeek, конкурент на ChatGPT четботот на „OpenAI“, покажуваат податоците за тргувањето.

На крајот од тргувањето во првиот ден од новата работна седмица, индексот Nasdaq Composite падна за 3,07 отсто, губејќи речиси 612,5 поени.

Меѓу компаниите кои претрпеа најзначајни загуби е акцијата на „Nvidia“, која до крајот на тргувањето падна за речиси 17 отсто. Масовните распродажби на акциите на водечката компанија за чипови за вештачката интелигенија продонесоа да загуби 600 милијарди долари во вредност за еден ден.

Истражувачите на DeepSeek изјавија во труд објавен во декември дека DeepSeek-V3 бил обучен со поддршка на чиповите H800 на „Nvidia“, со инвестиција од помалку од шест милиони долари. Оттогаш, овој детал беше побиен, а се тврдеше дека чиповите што се користат за обука на DeepSeek-V3 се послаби од најмоќните производи на „Nvidia“ кои Вашингтон се обидуваше да ги држи подалеку од Кина, но ниските трошоци меѓу извршните директори на американските компании поттикнаа сомнежи за ефективноста на механизмите за контрола на извозот, напомнува Reuters.

Акциите на матичната компанија на Alphabet – „Google“ паднаа за повеќе од 4 отсто, на „Microsoft“ паднаа за 2,14, на „Broadcom“ за 17,4 а на AMD за 6,37 отсто.

Претходно во понеделникот апликацијата AI Assistan на кинескиот стартап „DeepSeek“, конкурент на четботот ChatGPT на „OpenAI“, се најде на врвот на листите за мобилни апликации во голем број земји откако објави нова верзија на својата алатка, што ги разбранува берзите.

Така, во App Store онлајн продавницата за апликации на „Apple“, апликацијата на „DeepSeek“ го зазеде првото место во САД, Велика Британија, ОАЕ, Јапонија, Јужна Кореја и Кина, надминувајќи го ChatGPT, кој е втор или трет во споменатите земји, а во Кина не се вбројува ниту во првите пет.

Кинески „DeepSeek“ на 20-ти јануари ја лансираше верзијата R1 на својот асистент за вештачка интелигенција, за која нејзината веб-страница вели дека е „најмалку е на исто ниво“ со ChatGPT.