
Акционерите на Твитер одобрија договор од 44 милијарди долари за продажба на компанијата на бизнисменот Илон Маск. Како што пренесува Би-Би-Си, одлуката е донесена за време на кратка видео конференција со инвеститорите во седиштето на компанијата во Сан Франциско.
Овој чекор значи дека Tвитер сега преку суд ќе се обиде да го принуди Маск да ја купи компанијата, пренесе Танјуг.
Маск се обиде да го раскине купопродажниот договор, тврдејќи дека Твитер го довел во заблуда за големината на својата корисничка база, како и за бројот на ботови и спам сметки.
Твитер ги отфрли обвинувањата на Маск и го тужеше пред судот во Делавер. Маск потоа поднесе контра тужба.
Компанијата тврди дека Маск нема право да го раскине договорот.
Двете страни треба да се појават пред судот во Делавер во октомври, а потоа судијата ќе одлучи дали Маск мора или не да ја купи компанијата, додаде тој.