-3.2 C
Skopje
недела, ноември 24, 2024

Аки Рахимовски испратен со македонско знаме и македонска песна – да бевме држава на погребот ќе присуствуваа министерот за култура и амбасадорот во Хрватска

Аки Рахимовски испратен со македонско знаме и македонска песна: Да бевме држава на погребот ќе присуствуваа министерот за култура и македонскиот амбасадор во Хрватска

Да бевме држава, на последното испраѓање на Аки ќе беа присутни министерот за култура и македонскиот амбасадор во Хрватска, за да му оддадат почест и последна почит на човекот кој Хрватите го испратија со македонското знаме и македонска песна…, коментира на социјалната мрежа на Фејсбук познатиот македонски водител и новинар Антонио Димитриевски.

Вака, проклето си бил во право пријателе… „Зошто си ме Мајко родила?“… да живеам со оние кои од оваа прекрасна земја направија „вукојебина“!, вели понатаму тој во својата објава

Вечнаја памјат легендо, пеј им ја на ангелите онаа твојата, „пјесма лагана“…!, пишува Димитриевски.