Сакам јавно да му ја честитам најголемата капитална инвестиција на мојот наследник Градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев. По три и пол годишно макотрпно размислување (мозгање), консултации со другарите, инкасаторите, стручните лица, владата и парламентот, премиерот и министрите одлучи да направи инвестиција вредна дури двеста деведесет и шест илјади. Внимавајте добро не евра туку денари, повторувам денари! Големата инвестиција се случи денес во градинката Мајски цвет која се наоѓа во Тафталиџе 2, пишува на својот Фејсбук профил лидерот на ГРОМ и екс-градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски.
Во продолжение следува неговото обраќање преку социјалните мрежи:
Инаку, овие верувале или не 4.800 евра се потрошени за десет сончеви колектори во оваа градинка и најголемата придобивка ќе било тоа што децата ќе имале константно топла вода за миење газиња.
Морам да честитам бидејќи за оваа тешка инвестиција присутни беа Министерката за Труд Шахпаска, Пратеничката Мери, Градоначалникот Богоев и Зоран Заев, Премиерот на Република Македонија.
За да смешката биде поголема а за вас сликата појасна ми се јави една пријателка негувателка од таа градинка и ми вели: Господин Стевче, за седум-осум стакленца што ги ставиле на кровот кој се неповрзани и не функционираат донеле снајперисти на терасата кај дечјите јасли. Уште подморници им фалеа. Па им велам на колешките, дека градоначалникот Јакимовски цели школи реновираше па вакви циркузи немаше.
Во право е мојава пријателка зошто јас за една година реконструирав од корен 10 училишта ( од Јули 2011 г. до Август 2012 г.). Вредноста на овие инвестиции беше 5 милиони евра. Веројатно јас требаше да го повикам Бил Клинтон со се Бајден да дојде на отворање на училиштата. Кога Стефан Богоев би требало да го реновира училиштето кое што се наоѓа веднаш до оградата на оваа градинка Мајски цвет а тоа е ОУ Братство веројатно ќе му треба доживотен мандат.
Се прашувате зошто?
Затоа што реконструкцијата чинеше 72 милиони денари или 1,2 милиони евра.