![3](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/11/3-1.png?resize=529%2C484&ssl=1)
Министерството за внатрешни работи вчера спроведе акција во подрумските простории на ГТЦ во Скопје, поради дојава дека во подрумите на трговскиот центар се ископувале криптовалути на див приклучок на струја. А, неофицијалните информации укажуваа на тоа дека синот на починатиот пратеник Амди Бајрам Елвис Бајрам е вмешан во овој бизнис. За кратко време, МВР кажа дека истрагата покажала дека нема никакви злоупотреби, бидејќи, струја не се крадело а копањето криптовалути не е кривично дело, туку само не е регулирано со закон.
По настанот, социјалните мрежи изобилуваат со коментари од типот: „Ако се било легално, струјата си била плаќана, зошто се мачеле во ГТЦ во подрум да прават фарма за крипто?…