
-Ако СДС е против фашистичкиот клуб Цар Борис, зошто му смета законското регулирање. Законското решение на ВМРО-ДПМНЕ ќе овозможи и регулирање на постоечките клубови со цел промена на фашистичките имиња. Ако СДС е против клубовите со фашистички имиња, тогаш нека го поддржи предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата велат дека СДС всушност и дозволи да се отворат клубовите и не направи ништо тоа да се спречи.
– Власта е виновна и за политиката на асимилација и негација на Македонија која е резултат на политиките на самата СДС. Изјавите на Заев дека македонскиот и бугарскиот јазик и народ се исти, се изјави кои долгорочно ги поткопаа македонските позиции. Тие иако целосно неточни, ги подгреаја апетитите на шовинистички кругови и ја заострија нивната реторика. Политиките на СДС и нанесоа трајна штета на државата, се додава во партиското соопштение.