![vakcina sputnik](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/01/vakcina-sputnik.jpg?resize=665%2C466&ssl=1)
Руската вакцина за коронавирус Спутник V може да се дистрибуира во Франција доколку ги исполнува научните стандарди и европските услови, изјави денеска францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дријан.
– Ако Спутник е одобрен од Европската агенција за лекови, а во Франција од високото здравствено тело, нема пречка за дистрибуција доколку ги исполнува научните стандарди и барања што се применуваат во Европа – изјави францускиот министер за Радио Европа 1.
Тој додаде дека „вакцините немаат државјанство“ и дека „важно е да има лек кој делува“.
Германската канцеларка Ангела Меркел вчера изјави дека е отворена за идејата за употреба на руската вакцина во Европа, по објавувањето на позитивните научни резултати за ефикасноста на вакцината Спутник V.