Ако ве гребе грлото, веднаш направете PCR тест, тоа е необичен симптом на омикрон

Целиот свет стравува од новиот омикрон сој на коронавирусот, а додека научниците трпеливо повторуваат дека нема место за паника поради тоа што неговите својства сè уште не се познати, лекарите предупредуваат на симптомите кои би можеле да бидат знак за тревога.

Омикрон сојот предизвикува поинакви симптоми од оние што ги предизвикуваше делта и делта плус варијантата, а лекарка од Јужна Африка открива еден таков симптом кој се појавил кај голем број пациенти.

Д-р Анжелик Кучи, претседателка на Јужноафриканската асоцијација на лекари, во ноември годинава започнала да лекува пациенти со необични симптоми. Голем дел од пациентите не го загубиле чувството за мирис и за вкус како што тоа било случај со претходните варијанти на коронавирусот.

– Лекував еден маж кој пријави необичен симптом на грлото. Додека во минатото пациентите пријавуваа болки во грлото и сува кашлица, сега пријавуваат чувство на гребење во грлото – изјавила д-р Кучи.