Аксл Роуз обвинет за силување, Џејми Фокс за сексуален напад

Американскиот актер Џејми Фокс и фронтменот на бендот Guns N’ Roses, Аксл Роуз, во средата беа обвинети за сексуален напад, дел од серијата тужби поднесени во Њујорк пред настапување на застареност на делата.

Шејла Кенеди, актерка и модел, го обвини Аксл Рос за силување во 1989 година. Фокс беше обвинета од жртвата, чиј идентитет не е објавен, дека ги допирал нејзините гради и гениталии против нејзина волја во еден бар на Менхетен во 2015 година.

Двете тужби беа поднесени според  „Adult Survivors Act“ (Законот за возрасни преживеани), кој овозможи да се пријават сексуални напади кои се случиле во далечното минато.

Аксл Роуз ја нападнал својата наводна жртва во хотелска соба во Њујорк, откако двојката се сретнала во ноќен клуб и ја принудил на анален секс, се наведува во тужбата. Пејачот на Guns N’ Roses, чие вистинско име е Вилијам Брус Роуз, допрва треба јавно да ги коментира овие наводи.

Во случајот на Фокс, пак, неговата тужителка тврди дека актерот добитник на Оскар ја фатил за рака и ја одвлекол на покривот откако ја сретнал во еден бар. Таму ја пипкал по гениталиите додека пријателот не ѝ пришол на помош.

И двата случаи се граѓански тужби со кои се бара судење пред порота и исплата на отштета.

Овие тужби дојдоа откако минатата седмица според истиот закон беше обвинет американската хип-хоп ѕвезда Шон Комбс, кој беше обвинет од неговата поранешна партнерка Касандра Вентура за силување и физичко и психичко насилство меѓу 2005 и 2018 година. Спорот брзо беше решен со спогодба, но не беше откриено колкава отштета платил Комбс, попознат како Паф Деди.

Во мај, поранешниот американски претседател Доналд Трамп беше прогласен за одговорен за сексуалниот напад на поранешната колумнистка на списанието Elle, Џин Керол во стоковна куќа во Њујорк во 1996 година. Трамп мораше да и плати отштета од пет милиони долари.