Актерката Мери Мара (61) пронајдена мртва, се удавила во река

Мери Мара, глумицата можеби најпозната по улогите во ТВ-сериите „Закон и ред“, „Реј Донован“ и „Њујоршка полиција“, „Ургентен центар“, е пронајдена мртва. Нејзиното безживотното тело е најдено во реката Сент Лоренс.

Според њујоршката полиција, во неделата нешто по 8 часот наутро во градот Кејп Винсент, Њујорк, САД, каде што и живеела, добиен е повик за можно давење. Откако полицијата и брзата помош пристигнале на местото на несреќата, го пронашле безживотното тело во реката Сент Лоренс.

„Телото на Мери беше пронајдено утрово во нејзината најсакана река. Таа се удавила при пливање“, изјави нејзин претставник.

Обдукцијата треба да ги утврди официјалните причини за смртта. Глумицата зад себе ги остави поранешниот сопруг и полуќерката.

Мери Мара инаку е позната и по сериите „Итна служба“, „Криминални умови“, „Неш Бриџис“, „Западно крило“, „Изгубени“, „Ѕвездени патеки: Ентерпрајз“ и 70-ина други улоги.

– Мери беше една од најдобрите актерки што некогаш сум ги запознал. Се сеќавам дека ја видов на сцената во Бродвеј во 1992 година. Таа беше „струја“, а и духовита и прекрасна личност. Сите ја сакаа. Ќе ни недостига, рече нејзиниот менаџер Крејг Дорфман.