Засега неидентификувано лица во вторникот изутрината активирал експлозивна направа во шведскиот град Андерсторп во покраината а Јончепинг, објави на Twitter локалната полиција.
Според привичните сознанија, во експлозијата нема настрадани. Истрагата го води случајот како „обид за убиство“, се додава во инфромацијата на полицијата.
Полицискиот портпарол Томас Агневик објави дека е „оштетена фасадата на зградата“, во обид експлозивната направа да биде уфрлена преку прозорец во еден од становите. „Во активностите се вклучени форензичари и пиротехничари“, додава.