Бројот на активни случаи со Covid-19 во земјата изнесува 15.576, а вкупниот број инфицирани од почетокот на епидемијата достигна 243.284.
Во последното деноноќие се направени 7.564 тестирања, а регистрирани се 1.635 нови случаи на Covid-19. Од новодијагностицираните, во главниот град се 785, а следни со најмногу заразени се Прилеп – 121, Битола – 110, Куманово – 78 и Кичево – 47.
Како што соопшти ресорното министерство, од вкупниот број на позитивни, регистрирани се 184 реинфекции.
Регистрирани сe 1.276 оздравени пациенти, а починале девет пациенти, сите во болнички услови.
Досега во земјата се направени вкупно 1.700.555 тестирања на Covid-19. Бројот на оздравени пациенти е 219.616, а на починати е 8.092.
Поради нагорната линија на позитивни лица со КОВИД-19, се очекуваат надлежните да соопштат дали на време ќе почне второто полугодие од учебната 2021/2022 година, на кој начин ќе се одвива наставата или ќе има одложување.
Брзо ширење на омикрон сојот на коронавирусот има речиси во сите држави, а експертите предупредуваат дека врвот на инфекцијата допрва доаѓа.