Активности за превенција од кражби во летниот период во Аеродром

Полициски службеници вечер во општина Аеродром, ќе делат пропаганден материјал и совети за спречување кражби во станови, куќи и возила.

Информативниот полициски пункт ќе биде поставен во 19:00 часот пред влезот на ТЦ „Капитол”.

Станува збор за продолжение на проектот „Превенција од имотни деликти”, кој во соработка со Полициската станица „Аеродром” беше промовиран на почетокот на месецов со цел да се зголеми информираноста на граѓаните како да се заштитат од кражби во летниот период.

Преку едукацијата на граѓаните се очекува да се зголемат безбедносните мерки и безбедносната култура.

На овој начин би се подобрила и соработката на граѓаните со полицијата, така што би се стеснил просторот и би се отежнале условите за вршење на кривичните дела.

МИА