![avtopat_1](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/02/avtopat_1.jpg?resize=680%2C383&ssl=1)
Сите активности и финансиските трансакции поврзани со изградбата на новата автопатска делница Демир Капија – Смоквица како дел од Паневропскиот коридор 10, се одвиваат согласно меѓународните и локалните закони и регулативи, велат од грчката компанија „Актор“, одговајќи на обвиненијата за нивното работење.
„Секоја трансакција, вклучувајќи ги платите и надоместоците на вработените луѓе од Грција се покриени со договори и фактури, сите даноци се пресметани и платени и конечно сите плаќања се извршени преку банкарскиот систем согласно Законот“, стои во соопштението на компанијата.
Оттаму како неосновани и неоправдани ги оценува сите објави во јавноста во врска со проектот.