Два акварела и оригинални цртежи од „Малиот принц“, славното златокосо момченце кој го создаде Антоан де Сен-Егзипери, ќе бидат понудени на наддавање во средата во француската престолнина Париз, објави во петокот аукциската куќа Artcuriel.
Овие два акварела коишто ги насликал францускиот пилот и писател, послужиле како илустрација за оригиналниот издание на „Малиот принц“. Еден е проценет на вредност меѓу 110.000 и 140.000 евра, а вториот меѓу 92.000 и 110.000 евра.
Двата акварела се оставнина од сопругата на присателот, Консуело де Сен-Егзипери.
Аукциската куќа на наддавањето ќе изложи и неколку писма напишани од Антоан де Сен-Егзипери, меѓу кои и едно од двете познати писма напишани пред неговата смрт до својот пријател Пјер Далоз. Писмото завршува со драматичните зборови „Ако умрам, апсолутно за ништи не жалам. Бев создаден да бидам градинар“.
Ова писмо е пронајдено на работната маса на Сен-Егзипери вечерта на денот на неговото исчезнување, а се проценува меѓи 15.000 и 20.000 евра.
Светскиот бисер во литературата „Малиот принц“ е планетарно популарно дело, коешто е преведено на 270 јазици во 1.300 изданија за повеќе од 145 милиони читатели.