Ал Хилал избори полуфинале и дуел со Челзи

Фудбалерите на суадиски Ал Хилал изборија пласман во полуфиналето на Светското клупско првенство во Аби Даби и соочување со англиски Челзи по восоката победа над Ал Џазира која е домаќин на турнирот.

Ова беше дуел меши првакот на Азија, саудиски Ал Хилал и претставникот на Обединетите Арапски Емирати, Ал Џазира, а победникот во среда ќе игра во полуфиналето против шампионот на Европа, лондонски Челзи.

Домашните поведоа во 14 минута со голот на Абдулеи Диаби, но Ал Хилал возврати со дури шест погодоци. Саудијците до полувремето направија резултатски пресврт преку Одион Игало во 36 и Матеус Переира во 40 минута. Во вториот дел азискиот шампион постигна уште четири гола, а стрелци беа Мохамед Кано во 57, Салем ал-Давсари во 77, Муса Марега во 88 и Андре Кариљо од пенал во втората минута од судиското продолжение.

Во вториото полуфинале ќе играат африканскиот првак Ал Ахли и ужноамерикабнскиот шампион Палмеирас. Египетскиот клуб се пласираше во полуфиналето благодарејќи на победата од 1:0 против првакот на Северна Америка, мексикански Монтереј во саботата.

Иако играше без петмина провотимци кои се во составот ан египетската репрезентацијата која подоцна во неделата во Јаунде игра во финалето на африканскиот Куп на нациите против Сенегал, играчите на Ал Ахли успеајаа да слават со голот на Мојамед Хани во 53 минута.

 

ПОЛУФИНАЛЕ:
Вторник – 8 февруари: Палмеирас (Бра) – Ал Ахли (Еги)
Среда – 9 февруари Ал Хилал (САД) – Челзи (Англија)

ЗА 5-ТО МЕСТО – 9 февруари: Монтереј (МЕ) – Ал Џазира (ОАЕ)

ЗА 3 МЕСТО – 12 февруари

ФИНАЛЕ – 12 февруари