Ал Пачино: Сакаа да ме заменат со Марлон Брандо, но не се предадов!

Големиот заводник кој никогаш не го изговори судбоносното „ДА“ одбележа една ера со улогите во филмовите како што се „The Godfather“, „Scarface“ и „Scent of a Woman“, а викендов наполни 80 години.

Алфред Џејм Ал Пачино е роден на 25 април 1940 година во Њујорк.

Неговиот татко Салвадор Пачино бил од Италија, а мајка му Роза Герард е чистокрвна американка. Кога имал само 2 години неговите родители се развеле, а старателството врз него било доделено на мајка му.

Тој подоцна со својата мајка се преселил во Бронкс, каде живееле баба му и дедо му. Баба му Алија била задолжена да се грижи за Ал Пачино и таа не му дозволувала да си игра со другите деца на улица.

Profimedia

Момчето со изгубено детство на 9 години започнува да пуши цигари, а веќе на 13-годишна возраст започнува да пие и алкохол.

Утехата во тешките времиња кои го затекнале неговото семејство, тој ја пронаоѓа во филмовите. Тој започнал да ги имитира актерите и се обидувал да одглуми сцени од омилените филмови.

Прочитајте и…  За еден час на ролерки се трошат дури 450 калории, ментално се опуштаме и го активираме хормонот на среќа!

Глумата со тек на време му прераснала во страст, па решил да се запише во училиштето за глума „Manhattan’s School of Performing Arts“, каде учител му бил легендарнијот Ли Стразберг.

Како момче мечтаел да стане славен бејзбол играч, но животот неколку пати го ставил пред големи предизвици.

„Никогаш со глумата не сум се занимавал поради пари. Имаше моменти кога бев млад и кога ми беа потребни пари, после факултетот бев невработен и неколку дена спиев на улица. Но, никогаш не сум бил материјалист. Иако за себе, поради начинот на живот, би можел да речам дека сум расипник“, додал актерот и нагласил дека еден од најголемите примери му бил дедо му кој го научил да работи многу и посветени.

На само 17 години го напуштил средното училиште. Паднал по сите предмети освен по англиски јазик. Мајка му се противела против напуштање на училиштето, па се решил да побегне од дома. Работел што стигнал, бил домар, работел во пошта… а сите пари ги чувал и плаќал часови по глума.
Прочитајте и…  Мерил Стрип со своите колешки на уникатен начин го честиташе роденденот на легендарниот Стивен Сондахајм! (ВИДЕО)

Детството сепак му било одбележано со разводот на родителите, што на него оставило последици, особено во емотивна смисла.

„Моите учители ми велеа дека ми недостига татковска фигура. Не бев распалавен тинејџер, но бев блиску до тоа. Моите родители се разведоа кога имав 2 години и оттогаш татко ми не беше во мојот живот. Затоа сакав поинаков однос со моите деца“, расакажал тој.

Првиот настап му се случил во 1969 година на Бродвеј во претставата „Does a Tiger Wear a Necktie?“ за која ја освоил наградата „Tony“.

После безброј незаборавни улоги, сепак постои една која ја одбележа неговата кариера.

„Улогата на Мајкл Корлеоне беше најтешката која ја одиграв. Не го гледав како гангстер: неговата мистериозна појава всушност беше неговата сила. За жал, филмското студио на почетокот не го почувствува тоа и сакаа да се ослободат од мене. Бев на почетокот од кариерата, покрај мене беше големиот Марлон Брандо, но само и единствено благодарение на режисерот Френсис Форд Копола, останав дел од проектот“, изјавил Пачино.

Актерот со професорката по глума Џен Тарант ја добил ќерката Џули Мари и близнаците Антон и Оливија со поранешната девојка Беверли Данџело.