Алармантно во Пехчево: Повик до сите граѓани кои се во можност да помогнат во справувањето со пожарот

Пожарот од кастастрофални размери кој денеска ја зафати околината на Пехчево го загрозува не само градот, туку и околните населени места.

Градоначалникот Александар Китански информираше дека во гаснењето на пожарот се вклучени противпожарни екипи од повеќе градови од Источниот плански регион, како и авионска поддршка.

  • Вклучени се и голем број граѓани од градот Пехчево и целата Малешевија, но, потребни се многу луѓе и ресурси за справување со огнената стихија која, потпомогната од ветрот, засега е надвор од контрола и се заканува да предизвика огромна штета на Малешевијата.

Граѓаните ги повикуваат сите институции, фирми и организации, а се замолуваат и останатите граѓани од државата да се упатат кон Пехчево со цел да помогнат при справувањето со огнот кој се движи кон градот, бидејќи екипите на терен не се во можност да се справат со огнените јазли кои ја имаат зафатено целата шума околу градот и околните села.

„Од терен јавуваат дека состојбата е алармана. Сите противпожарни средства, машини и материјали, секој дополнителен материјален и човечки ресурси ќе помогнат во процесот на спасување на шумата, градот и околните села. Во Домот на културата во Пехчево е формиран пункт каде се прифаќа материјална помош, а доброволци се упатуваат на критичните позиции“, се посочува во апелот за помош.