Албанија за идната година го одложи пописот на населението и становите планиран за октомври годинава, соопшти доцна попладнево Институтот за статистика (Instat).
Во услови на необезбедување алатки потребни за собирање информации на терен, невозможно е да се спроведе оваа активност. Институтот за статистика останува посветен на својата цел да го спроведе пописот на населението и становите во согласност со стандардите и препораките на Обединетите нации и Статистичката канцеларија на Европската унија (Eurostat), се наведува во соопштението на кое се повикуваат медиумите.
Ова е вторпат да се одложува спроведувањето на оваа статистичка операција. Првиотпат одложувањето беше поради пандемијата на Covid-19. Потоа, Instat одлучи на 1-ви октомври годинава официјално да започне пописот на населението, за што почна спроведување на потребните подготвителни активности, наведува телевизијата.
Во годишната програма на Instat се наведува дека овој попис се очекува да трае шест седмици, како и дека сите активности за успешен попис ќе завршат навреме.