Албанија: Полицијата ги предупреди демонстрантите да не се собираат

Албанската полиција денеска издаде сериозно предупредување до демонстрантите во Тирана кои протестираат веќе неколку дена откако полицаец уби младо момче.

Полицијата предупреди дека ситуацијата поради коронавирусот е „загрижувачка“ и дека сите мора да ги почитуваат ограничувачките мерки на кризниот штаб, што вклучува забрана за собирање, пренесува АП.

Според ограничувачките мерки, забранети се собири на повеќе од десет лица, полициски час е во сила навечер, а носењето маски и физичко растојание е задолжително.

Албанците ги игнорираа мерките на јавните собири и се судрија со полицијата, откако Клодијан Раша беше убиен во Тирана за време на полицискиот час минатиот вторник.

Полицијата тогаш соопшти дека убиениот „го игнорирал повикот на полицијата да запре, и започнал да бега“.

Полицаецот кој ја уби Раша беше уапсен и е обвинет за „надминување на потребната самоодбрана“.

Во денешното соопштение од полицијата е наведено дека „нема да се толерира собир што не е во согласност со мерките“.