Албанија подржува формирање на армија на Косово. По изгласаните три предлог закони за Косовскиот заштитен корпус од страна на Собранието на Косово во текот на вчерашниот ден, со што се отвара законска и уставна можност за трасформација на ЗКК во Косовска војска, премиерот Еди Рама на својот фејсбук профил го честиташе формирањеето на армијата на Косово.
Почит на загинатите борци на Косово и благослов за младата војска на Косово – напиша Рама.
Лидерот на албанската опозиција Лулзим Баша покрај честитките за усвоените предлог закони кои го отвараат патот за трансформација на Заштитниот корпус на Косово во Армија на Косово, истакнува дека формирањето на своја војска е гаранција повеќе за мирот во регионот.
Косово со своја војска и во соработка со Нато алијансата ќе придонесува за мирот и стабилноста на Балканот – изјави претседателот на најголемата опозициона партија во Албанија, Лулзим Баша.
Собранието на Косово вчера попладне со над 1оо гласови „за“ од страна на пратениците изгласа три проект закони за трансформацијата на Косовскиот заштитен корпус, со кои се отвара патот за формирање на армија на Косово.
Според весникот „Зери“ против гласаа пратениците на Српската листа кои незадоволни од поставување на дневен ред на наведените предлог закони ја напуштија седницата на собранието