Албанската Влада на вчерашната седница го усвои Предлог-законот за заштита на националните малцинства во земјата, што набрзо треба да се најде на дневен ред на Парламентот.
Во член 3 од Законот пишува дека за национални малцинства во Албанија се сметаат: Грците, Македонците, Власите, Ромите, Египќаните, Црногорците, Бошњаците и Србите.
„Овој закон го регулира остварувањето на правата на припадниците на националните малцинства во Република Албанија, во согласност со одредбите од Уставот на Република Албанија, Рамковната конвенција на Советот на Европа за заштита на националните малцинства, ратификувана во 1999, и меѓународните договори од областа на човековите права. Припадниците на малцинставата треба ди ги почитуваат правната држава, територијалната целовитост и суверенитетот на Република Албанија“, се наведува меѓудругото во текстот на Предлог-законот.
Со законот се гарантира претставување и негување на нивните културни, етнички, јазични и верски карактеристи и традиции, како и право во идентифкација, образование.
Албанија за првпат носи ваков закон.