Албанската гранична полиција од приморскиот пристанишен град Шенѓин во текот на ноќта спровела спасувачка акција на туристи кои во текот на ноќта останале далеку од брегот поради дефект на чамецот со кој пловеле.
– На 13 летувалци кои со чамец пловеле заради забава им се расипал чамецот и во текот на ноќта останале на сред море. Во чамецот имаше четири возрасни и осум малолетни лица, соопшти полицијата.
Спасувачката акција на службите на Граничната полиција на Шенѓин траела до полноќ и тие во добра здравствена состојба биле пренесени на брегот.
Лицата се албански државјани, биле меѓусебно во роднинска врска и биле на одмор во Шенѓин.
Полицијата апелира туристите да бидат внимателни кога, со кого и каде испловуваат за да не се доведуваат во опасност.