Од вкупно запленетата дрога, над 1,2 тона марихуана албанската гранична поморска патрола открила кај островот Сазан, по продолжувањето на акцијата прекината поради немирното море.
Со подобрувањето на временските услови, полицијата од Валона во соработка со Делта форте и Гуардиа ди финанца открија голем моторен чамец натоварен со дрога. Поголем дел од дрогата е пронајден во морските води. Крајната дестонација на дрогата требало да биде италијанскиот нарко пазар, пренесува тиранската телвизија Топ чанел.
Се уште не е позната судбината на лицата кои требало да ја транспортираат дрогата.
Во подножјето на планината Краста кај Круја, полицијата отркила шест вреќи во кои имало вкупно 166 килограми марихуана, подготвени за транспорт.
Претходно, во периферијата на Тирана, во штала откриени се и запленети 207 килограми од ова наркотично растение и уапсено е едно лице. Во две одделни акции, пак, во Грамш и Фиер, запленети се околу 60 килограми марихуана.
На граничниот премин Капштица, кај Корча при контрола на возило марка Ланд Ровер во пределот кај шасијата пронајдени се 2,25 килограми хероин.