![crkva-svete-trojice-na-rumiji](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/06/crkva-svete-trojice-na-rumiji.jpg?resize=640%2C360&ssl=1)
Албанско знаме неколку часа било истакнато на црква во Румија.
Неколку часа подоцна знамето било тргнато.
Отецот Јован Пламенац потврдува дека бил запознаен со тоа дека во последните десетина денови во Улцињ се појавиле плакати со натпис „Сите на Румија“.
-Не знам зошто се прави тоа. Иако тоа наводно го организира планинарското друштво „Румија“ од Улцињ, јас сметам дека организатор е Демократскиот сојуз на Албанците. Мехмет Барди и порано во Собранието на Црна Гора знаеше да рече дека Румија е албанска територија. Ако ова значи освојување на територија, тогаш Црна Гора треба да се подзамисли, заклучил Пламенац.
Ова е трета година како во организација на ова друштво се излегува на Румија. Еднаш е оштетена и осквернавена црквата Света Троица, кога на неа се испишани графти на албански јазик „Етничка Албанија“ и „Албанска национална армија“. На црквата бил нацртан и грбот на Албанија, а натписите биле испишани со црвена боја. За сето тоа време парите од црквата не биле допрени.