Ова преку соопштение го потврдуваат од македонското друштво „Илинден“ со седиште во Тирана, кои аплицирале со проект за одржување фолклорен фестивал на Македонците во Албанија.
Воопшто не сме задоволни од односот на Министертвото за култура. Таму не сакаат ниту да слушнат за нашите проекти. Со години наназад, а и оваа година нема ниту пара за доставните проекти од асоцијациите на Македонците. Доставуваме проекти, но тие не се прифаќаат,цстои во соопштението.
Македонците, се наведува понатаму, имаат потреба од поддршка на нивните проекти кои се однесуваат на негување на традициите, обичаите и културата.
Владата треба да има предвид дека и Македонците во Албанија, треба да добиваат проекти, зашто се лојални граѓани и ги плаќаат сите даноци, но пари за нивни културни активности нема. За разлика од Албанија во Македонија многу активности на Албанците се финансиски подржани, констатира „Илинден“.
Инаку, повикот објавен од Министертвото за култура на 1 декември лани траел до 13 јануари. Доставени биле 230 проекти од културата, уметноста и културното наследство, а избрани се 127, меѓу нив ни еден на македонските друштва.