
Денес, 08.02.2021 година, се одржа Седница на собрание на акционери на ЗК Пелагонија ад Битола.
Одлуките кои едногласно беа донесени и изгласани на оваа седница се единствено во интерес на понатамошното успешно работење и функционирање на Комбинатот.
Единствена поделеност постоеше во однос на предложената точка за измена на Статутот на Земјоделскиот комбинат Пелагонија а.д Битола каде се бараше да биде составен од 6 члена но со поголемо мнозинство преовлада ставот на Орка Холдинг, да нема промена на Статутот на Комбинатот, во кој има 5 члена, 1 извршен и 4 неизвршни.
За нов извршен член на Одборот на директори на ЗК Пелагонија ад Битола е избран Александар Поповски, предложен од страна на Орка Холдинг, кој доаѓа по ненадејната смрт на извршниот директор Драган Китановски.