Александар Верушевски, Заев и Палифров повикани да сведочат пред Анкетната комисија

Александар Верушевски, Заев и Палифров повикани да сведочат пред Анкетната комисија
Александар Верушевски, Заев и Палифров повикани да сведочат пред Анкетната комисија

Четврто осомничениот во случајот „Пуч“ Зоран Заев, второ осомничениот во истото дело, Бранко Палифров вработен во општина Струмица и Александар Верушевски син на прво осомничениот Зоран Верушевски се на списокот лица кои политичката партија ВМРО-ДПМНЕ ги повика на Анкетната комисија за утврдување на политичка одговорност за скандалот со прислушувањата.

Тие треба да се појават пред членовите на оваа комисија и да одговараат на прашањата на пратениците.Синот на Зоран Верушевски, во скопското криминално подземје познат под прекарот Аџо, во неколку наврати имаше проблеми со законот кога беше осомничен и обвинет за серија тешки кривични дела.

Зоран Верушевски и Зоран Заев се обвинети за употреба на незаконски средства на следење и шпионирање, како и за упатување на сериозни закани кон високи државни функционери, а сакале да извршат преврат и да изнудат разни услуги.

-Според досега документираните сознанија, двајца од обвинетите биле ангажирани и работеле во корист на странска служба, преземајќи активности и чекори за кои биле богато финански наградени. Од првично направените проверки, имотот на двајцата е несразмерно зголемен, односно анализите кои досега се направени покажуваат дека станува збор за стотици илјади евра во готовина, но и во акции кои завршиле кај нив, соопшти тогаш полицијата.

Претходно, пред комисијата свое излагање имаше премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, а за денеска е најавено сведочењето на Министерот за финансии и Вицепремиер во Владата, Зоран Ставрески.