Алексис утре минува прегледи во Милано

Трансферот на Алексис Санчез од Манчестер Јунајтед во Интер ќе биде финализиран утре кога Чилеанецот ќе помине лекарски прегледи во Милано, тврди „Скај Италија“.

„Нероазурите“ ќе платат половина од огромната плата на поранешниот играч на Арсенал, за кој се тврди дека заработува повеќе од 500.000 фунти неделно на „Олд Трафорд“ со бонуси. Закупот ќе вклучува опција Чилеанецот следното лето да биде откупен. Ова би можело да се случи за 14 милиони фунти, додава „Скај Италија“.

Алексис (30) има одиграно 45 натпревари на сите турнири за Манчестер Јунајтед од јануари 2018 година. Во петокот, менаџерот на тимот, Оле Гунар Солскјер изјави дека ќе се потпира на Чилеанецот бидејќи и онака нема многу опции во нападот.

Ова ќе биде втор играч на Манчестер Јунајтед кој се сели во Интер ова лето, по Ромелу Лукаку.