![Omerta](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2017/11/Omerta.jpg?resize=640%2C399&ssl=1)
Емисијата „Несомнено“ на телевизија „Алфа“ открива кои се лицата кои фигурираат како сопственици на „Омерта секјурити“ фамозната агенција за обезбедување која забрзано го освојува пазарот.
Според податоците од Централениот регистар, агенцијата „Омерта“ е основана на 21 јуни 2017 година со адреса во скопска Гази Баба, од страна на Александар Темелковски, а управител е Александра Лазиќ, која според фотографиите објавени на нејзиниот профил на социјалната мрежа „Инстаграм“, е во блиски односи со Раде Трајковски – Штекли, човекот кој беше посочуван од јавноста и медиумите како убиец на младиот Мартин Јанушев.
Податоците од Централен регистар велат дека Трајковски не е сопственик со агенцијата, но според сликите кои може да се видат на социјална мрежа „Инстаграм“, тој е во блиски односи со управителката Александра Лазиќ.
Трајковски не одговорил на повиците на „Несомнено“ за интервју, да одговори на гласините дали истиот е сопственик во сенка на агенцијата за обезбедување „Омерта секјурити“.
Дали Трајковски е сопственик од сенка на агенцијата? Каква е нејзината врска со актуелната власт се прашања кои што уште лебдат во јавноста.