Алгоритам ќе ја крои табелата ако не продолжи фудбалското првенство во Италија

ANSA / MATTEO BAZZI

Италијанската фудбалска федерација (FIGC) ги одобри во понеделникот плановите за одигрување на плеј-офот и плеј-аутот или употреба дури и на алгоритам за одредување на конечните пласмани, доколку сезоната биде повторно прекината поради пандемијата на коронавирусот, а Серија А во тој случај не би го добила новиот шампион.

Доколку првенството кое беше запрено на 9-ти март биде повторно прекинато, FIGC одреди дека сеозната ќе заврши со доигрување за првак, за места во Европа и за испаѓање, а докотлку тоа не биде можно ќе се употреби алгоритам за одредување на конечниот пласман.

Во тој случај нема да биде прогласен првак, а крајниот број бодови на секој клуб ќе се пресметува врз основа на просечниот број освоени бодови на домашен терен и на гости, што ќе се множи со бројот на преостанатите натпревари на домашен и гостински терен, додавајќи ги веќе освоените бодови.

Според сознанијата на агенцијата Ansa, 18 клубови го одобриле предлогот, а претставници на три клуба од Серија А не гласале.

Првенствата во Серија А и во Серија Б продолжуваат на 20-ти јуни, а сезоната во Серија Ц нема да продолжи. Потврдено е дека Виченца, Реџина и Монца се пласирале во Серија Б, а испѓаат Гоѕано, Римини и Риети.