Али Ахмети ги чека резултатите од размената на документи меѓу Скопје и Софија во овој период

Али Ахмети, претседателот на ДУИ, е оптимист дека до крајот на годинава ќе има добри вести од Софија кога станува збор за спорот со Скопје и блокадата од Бугарија за датумот за преговори со ЕУ.

Лидерот на „Интегративците“ вели дека крајот на недоразбирањата меѓу двете земји е прашање на време, а открива дека помеѓу Скопје и Софија во овој период се одвива „размена на документи“.

„Не мислам дека е време да споделувам со јавноста за понудите или последните документи кои се разменети, ќе почекаме да ја видиме реакцијата од Бугарија“, рече Ахмети во студиото.

Тој додаде дека министерот за надворешни работи Бујар Османи интензивно работи за надминување на спорот. и дека сака зад себе да истави надминат спор.

„Османи е доста активен, очекувам да има резултат. Многу важен момент е за да демонстрира пред сите граѓани, особено пред нашите сожители Македонци, дека ги делиме доброто и лошото, дека ќе стоиме рамо до рамо заедно, и во решавање на овој спор. Ова е клучен историски момент да се види дека оваа земја има министер за надворешни работи и за работата што ја сработи и за зрелоста, му честитам“, рече меѓудругото Ахмети.