Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во интервју за ТВ 21 се осврнува за измените на Кривичниот законик, односно како оделе преговорите со Зоран Заев и Христијан Мицкоски.
„Првично не се согасуваше Зоран Заев и потоа кога се договоривме за да се укине договорот со СДСМ, затоа што СДСМ првично се повлече. Кога се договоривме со СДСМ, се повлече ВМРО-ДПМНЕ, се повлече Христијан Мицкоски од измената на Кривчниот законик и ова беше големо изненадување“, вели Ахмети и додава:
„Имало десетици средби во Клубот на пратеници за измена на овој Законик и да се усогласи со европските стандарди. Во тие средби имало рабони групи. Средбите се остварени на многу таен начин меѓу Зоран Заев, Никола Груевски и мене. Сме разговарале со часови и со денови. Дојдовме до моментот каде се согласивме сите и на крај се повлече ВМРО-ДПМНЕ“.