Алијанса за Албанците: Брзата одлука за строг полициски час предизвика хаос во Куманово

Од политичката партија Алијанса за Албанците реагираат дека строгиот полициски час, со кој Владата забрани движење во општина Куманово во текот на целиот викенд, попладнево предизвикал хаос во општината бидејќи, како што велат, оваа мерка ја зголемила загриженоста кај граѓаните.

„Препораките за одржување на оддалеченост воопшто не се почитуваат од напнатоста на граѓаните во последен момент да ги обезбедат основните потреби за храна за наредните денови како резултат на ад хок повикот на Владата за полициски час, што создаде паника и конфузија“, велат од политичката партија.