
Македонскиот фудбалски репрезентативец Езџан Алијоски го доби признанието играч на месецот во неговиот актуелен клуб Лидс, кој се натпреварува во англиската Чемпионшип лига.
Алијоски во ноември имаше одлични настапи и беше стрелец на четири голови, на четири натпревари постигна по еден гол, и имаше една асистенција, а навивачите на овој клуб на гласањето му дадоа 73 отсто од гласовите.
Како награда Алијоски доби часовник, брендиран со логото на Лидс Јунајтед.
Неговата екипа се наоѓа на 8-то место на табелата со 30 бодови, а во сабота попладне гостуваат кај Квинс Парк Ренџерс.