Алиоски се договорил со Трабзон

Езгјан Алиоски кариерата ќе ја продолжи во редовите на Трабзон, тврдат турските медиуми. Минатата сезона македонскиот репрезентативец ја мина во Саудиска Арабија, во Ал Ахли.

Како што пишуваат турските медиуми, Алиоски наскоро ќе го потпише договорот со актуелниот шампион на оваа земја.

Алиоски во кариерата играл за Шафхаузен, Лугано и Лидс јунајтед.