Шпанскиот фудбалски шампион Барселона го испрати својот напаѓач, 24-годишниот Пако Алкасер на едногодишна позајмица со опција за откуп на договорот во бундеслигашот Борусија од Дортмунд.
Борусија ќе плати два милиона евра за позајмувањето, додека во случај да го откупи договорот на Алкасер отштетата би можела да се зголеми на 28 милиони евра.
Алкасер пристигна во редовите на Барселона од Валенсија пред де години, но не успеа да избори место во почетната постава.