Алонсо поисплатив од Фетел

Шпанскиот пилот во Формула 1, Фернандо Алонсо, маркетингшки е поисплатлив од светскиот шампион Германецот Себастијан Фетел (Ред Бул), покажува истражувањето  што го спроведе глобалната спортска маркетинг агенција „Репуком”.

Двократниот светски шампион Алонсо, има поглемо влијание во светот , пред возачот на Мерцедес Луис Хамилтон и својот поранешен колега Бразилецот Фелипе Маса, кој во новата сезона ќе вози за Вилијамс. Финецот Кими Раиконен, кој годинава се врати во Ферари , се наоѓа пред Фетел по популарност , но е зад него по исплатливост.

„Ова можеби е големо изненадување , но глобално Себастијан Фетел  не може да им  се доближи на Алонсо, Хамилтон и Маса. И покрај успесите на Ред Бул , глобално 59 отсто од навивачите се заинтересирани за Ферари“,  изјави Најџел Гич, кој го спроведе ова истражување.