Интегрално соопштение од Алтернатива:
Како секоја друга империја во историјата така и оваа политичка империја на Али Ахмети, градена со 20 годишно ползување на сите плодови од власта, се распука по сите шевови. Едноставно, тргна колата по удолница и нема запирање. Се ближи крајот. На митските приказни “ќе ја видите силата на ДУИ на изборите”, веруваат само оние кои имаат директно и големо фајде од првиот круг на власта. Последниот скандал со тајниот дневен ред на седницата на Судскиот Совет е доказ за паниката во ДУИ од охрабрувањето и отрезнувањето на Албанците. Се користат последните атоми за да се скријат скандалите и тоа по секоја цена. На медиумите им е оневозможено да си ја вршат својата работа, само затоа што наводно требало да се расправа за евентуалната одговорност за претседателот на Управниот Суд, кој “случајно” е од кадровската ергела на Ахмети во Зајас. Властодршците од ДУИ треба да им одговорат на Албанците, кои ги лажат последните 15 години од таканаречениот “Мајски договор”: Зошто јавноста не смее да знае дека Судскиот Совет расправа за евентуална одговорност за кадар на ДУИ во судството? Дали, чии предмети и по чиј налог лично распоредувал претседателот на Управниот Суд? Колку директни негативни реакции на нашите меѓународни сојузници се неопходни за да ДУИ ги тргне своите нечесни раце од правосудството? Со кое право Ахмети, Груби и Османи бараат од опозицијата безусловно да ги гласа уставните измени кога истите се главни кочничари на ЕУ перспективите на Северна Македонија? Конечно, го видел или слушнал некој министерот за правда Кренар Лога да коментира за хаосот во неговиот ресор? Ало Таравари, се слушаме ли? Албанците стануваат се повеќе свесни дека наративите за големите победи на ДУИ се најефикасното алиби за полнењето на џебовите на фамилиите на Ахмети, Груби, Мерко и сите останати Евро (валута) -послушници на нивната партиска династија.