Бразилскиот интернационалец од редовите на каталонскиот гигант Барселона, Дани Алвеш откри дека во соблекувалната на Барса има негативна енергија и дека е можно поради истата да замине од „Ноу Камп” за време на летниот преоден рок.
„Тешко се добива шанса да играш за еден толку голем клуб каков што е Барселона. Знам дека има такви кои ме сакаат и кои не ме сакаат, но на сите им е јасно дека јас сум дел од историјата на овој голем клуб. Јас имам потреба од позитивна енергија, таа ме мотивира. Јас сум непобедлив, јас сум среќна личност. Знам дека секогаш се бара еден виновник доколку резултатот е негативен, доколку не се исполнат зацртаните цели. Јас верувам во позитивната енергија. Ако не се чуствувам така, тогаш околу мене има негатиа енергија, а јас не сакам таква ситуација, не знам да функционирам во таква средина. Ако не се промени енергијата околу мене, јас најверојатно ќе си заминам од „Ноу Камп” за време на летниот преоден рок. За да останам на “Ноу Камп” потребно е под итно да биде променета енергијата во клупската соблекувална”, изјави офанзивниот десен бек.